
Успешно завршено електронско пријавување од првиот уписен рок во средните училишта во Штип. Оваа година, интересот за запишување во штипските гимназији и стручнообразовни училишта е поголем. Како што соопштуваат директорите на средните училиштата запишувањето помина без проблеми, а конечните ранг листи ќе бидат објавени во петок.
,,Конечните ранг листи ќе бидат објавени во петок, после 12 часот. Со оглед на состојбата која што ја гледаме од утринава сакам да кажам дека во СОУ Јане Сандански имаме пријавено голоем број на ученици кои се заинтересирани и ќе се запишат во прва година. Имаме кандидати во сите образовни профили.“, рече Николиќ
,,Првиот уписен рок во гимназијата Славчо Стојменски е во тек, со тоа што првото пријавување – електронско помина. Сега учениците кои што сакаат да бидат наши идни средношколци се должни и доагаат за да ги донесат своите документи. За оние ученици, кои што имаа потешкотии при пријавувањето имавме поддршка од тим на наставници, кои што ги пријавија успешно, а уписниот дел се уште трае. Резултатите од првиот упис ќе бидат објавени во петок и потоа ќе следи вториот дел од уписниот рок.“, рече Ристова
И од средното текстилно училиште Димитар Мирасчиев и средното стручно Коле Нехтенин, истакнаа дека интересот и оваа година е сепак задоволителен. Информираат дека наскоро и кај нив ќе бидат објавени конечните ранг листи.
Со завршувањето на првото електронско пријавување, учениците ги очекуваат конечните резултати, а потоа и продолжение на уписниот процес. Во следниот период ќе биде објавен и вториот уписен рок, за сите оние кој не успеале да се запишат во средните училишта на територија на Општина Штип.
Иван Митев, М-Нет