
Голема градежна офанзива најавува Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. За жителите на општината да не газат кал, ќе се асфалтираат сите улици. За две од нив веќе има отворена тендерска постапка, а на другите ќе се работи напролет.
„Во Општина Карбинци во период којшто следи ќе се интензивираат процесите во однос на изградба на нови улици. Во овој момент се пуштени два тендера за една улица од 160 метри во населено место Таринци и влезот на истото населено место со едно партерно уредување. Во периодот којшто следи, во раната пролет, ќе се интензивираат овие градежни активности, ќе следи една поголема градежна офанзива со што практично го исполнуваме она што го ветивме. Ќе се асфалтираат улици на територија на Општина Карбинци во секое населено место и ќе се реновираат оние коишто се приоритетни“, истакна Паунов.
Освен улицата во с. Таринци, ќе се асфалтира и улица во населено место Карбинци во должина од 150 метри. Двете улици се дел од првата фаза. Напролет, пат, ќе бидат асфалтирани околу десетина улици на територија на целата општина, со што, според градоначалникот, граѓаните ќе добијат чиста средина, која ја заслужуваат.
Ребека Спасова МНет