
Градежен шут исфрлен во населба Горна Железничка во Штип. И покрај големиот број апели од страна на наделжните градежниот шут и ѓубрето да се исфрлаат на места наменети за тоа, граѓаните повторно и повтрно исфрлаат најверојатно каде им е најблиску. Гледачи на М-Нет телевизија испартија фотографии во кои се гледа како возило исфрла градежен шут во населба Горна Железничка, и тоа во близина на куќите во населбата. Регираат дека животната средина треба да се одржува чиста, но упорно се наоѓа некој што тоа не го практикува.
За вакавата ситуација го известивме и диекторот на ЈП Исар, Трајче Здравков. Тој истакна дека веднаш ќе се реагира при што на терен излегол комуналниот инспектор при Општина Штип, Борче Везнков.
Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека пронајдени се лицата и иститет согласно Законот ќе бидат санкционирани. Според него наместо на страта депонија честопати се случува шутот да заврши на друго место. Во оваа прилика апелираше до сите правни и физички лица да комуницираат со надлежните и да не го исфрлаат шутот и ѓубрето на места кои не се за таа намена.
„Сите градежни компании или лица кои имаат градежен шут нека се обратат до надлежните служби. Ние ќе им издадеме одобрение дека може да исфрлаат градежен шут, но на места за таа намена. Само на таков начин би се спречило загадувањето на животната средина“ – вели Везенков.
Лаура Стојанова М-Нет