Како и каде анкетираните штипјани ќе го прослават Први мај?

Во пресрет на денот на трудот Први мај, дел од штипјани ги прават последните подготвоки за истиот да го одбележат во природа, за друг дел од анкетираните граѓани денот не преставува ништо посебно. Пред камерите на М-Нет телевизија поголем дел од анкетираните граѓани посочуваат дека денот за нив претставува празник кој би требало на некој начин да се одбележи.

„Лично за мене Први мај не претставува ништо, претходно повеќе се славеше“

„Први мај, па празник е ден натрудот“

Помаладите и покрај највиите за дожд ќе го прослават први мај во природа, повозрасните остануваат дома.

“Па ние го прославуваме одиме со најблиските во проирода, на излет“

“Многу е непријатно да се каже, некој сакаат да го слават ама како што доаѓа времето сѐ потешко и потешко е“

Први мај е неработен ден за сите граѓани во државата, а олабавени се и мерките и протоколите од ковид пандемијата. За разлика од пред две години кога за први мај имаше полициски час, годинава може да се слави.

Лаура Стојанова М-Нет