Гоце Седлоски нов тренер на прволигашот Беса од Добри Дол!

Прволигашот Беса од Добри Дол за нов тренер го назначи Гоце Седлоски, откако претходно спогодбено се раздели со Александар Таневски, тренерот со кој Беса испиша историја пласирајќи се во Првата лига.

Седлоски е поранешен тренер на Вардар и Шкупи, а сега седнува на столчето на амбициозниот прволигаш Беса од Добри Дол.

Најдоцна до утре ќе следи промоција на Седлоски на клупата на Беса, со што новиот стратег ќе се зафати веднаш со работа, бидејќи во среда во вонредно коло ќе игра против Шкупи на Чаир, а во рамки на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Практично Седлоски би дебитиран против неговиот поранеш клуб Шкупи, кој го предводеше во минатото.

Беса вчера загуби од Пелистер со 2:3 и на своето конто има четири бодови.

Александар Ванев, М-Нет