Задоволни угостители, граѓани, изедени над 30 илјади пастрмајлии на Штипскта пастрмалијада

Илјаднци посетители од регионот, гости од страна, над 30 илјади изедени пастрмајлии – заврши 16. издание на манифестацијата Штипска пастрмалијада. Позитивна математика и бенифит за сите, се првичните процнки по завршувањето на манифестацијата. Градоначалникот, Иван Јорданов задоволен од огранизацијата, од она што Штип го понуди изминатиов викенд и можноста гостите од страна да се запознаат со градот, да ја вкусат штипската пастрмајлија и да уживаат во богатата понудена програма.

„Морам да бидам искрен да кажам дека доста гости од страна имаа можност да го видат Штип во една поинаква слика затоа што го оспособивме овој дел за да биде шеталиште. Илјадници изедени пастрмајлии, илјадници посетители кои уживаа две вечери во музичката програма. Моите впечатоци се позитивни, секако дека имало одредени пропусти и се надевам дека во наредните години ќе се корегираат. “ – вели Јорданов.

Задоволни се и угостителите. Велат бенифит од ваквите организации имаат и тие. Во петокот и саботат се произведени доволен број пастрмајлии за на манифестацијата да бидат опслужени сите посетители.

„Секако дека бенифит имавме и ние, овозможивме пастрмалијадата да има доволно пастрмајлии. Сите кои учествуваа се до некаде задволони. Организациски тоа е еден предизвик но успеавме се тоа да го организираме.“ – вели Малинов.

Добра порграма, одлична организација, 16 издание на манифестацијата Штипска пастрмалијада позитивно помина и според штипсјани, согласно нивните очкеувања.

Овогодинешното издание беше со променет концепт, на нова локација и во ново руво со цел да се врати суштината на настанот.

Лаура Стојанова М-Нет