Вардар со половина сила до победа во Радовиш, Еурофарм Пелистер со убедлива победа во Велес!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Фаворитите според планот до три бодови во рамки на 3. коло од ракометната Суперлига, а Струга со одлична игра на домашен терен славеше над Пролет.

Стружани пред домашната публика со 34:29 запишаа победа над екипата на Пролет од Скопје во натпревар каде Богдан Мујушковиќ постигна 13 погодоци, а пак Филип Пајкоски имаше седум гола, за Пролет најдобар со шест гола беше Мохамед Тарик Бакар.

Вардар со половина сила го доби дуелот со повратникот Радовиш во СРЦ „25-Мај“ во меч каде домашниот тим во почениот дел од мечот парираше одлично, но потоа Вардар на искуство дојде до плус четири на полувреме односно 11:15, а во вториот дел славеше со конечни 16:29.

Најдобар кај Радовиш беше Здравко Постолов со седум погодоци, а пак Вардар најдобар беше Ашраф со 14 погодоци.

Шампионот Еурофарм Пелистер со убедлива победа го декласираше Бисинов на домашен терен со убедливи 21:41. Битолчани како брз воз поминаа низ Велес и ги освоија трите бодови.

Најдобар кај поразениот тим беше Ивица Илиев со осум погодоци, а пак кај шампионот со 13 гола најдобар беше Филип Кузмановски.

Алкалоид го доби градското дерби со екипата на Бутел со резултат од 27:34, а во тимот предводен од Кирил Лазаров најдобар беше Арнауд Бинго со седум погодоци, а кај Бутел најдобар беше Филип Николов со шест гола.

Охрид однесе уште една победа откако со 26:30 славеше над Прилеп на гостински терен, во натпревар каде за прилепчани најдобар беше Никола Јеремиќ со шест гола, а за Охрид најдобар беше очекувано Гал Цирар со осум погодоци.

Колото ќе се комплетира в среда со мечот меѓу Тиквеш и Куманово.

Александар Ванев, М-Нет