Гори шума меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци

Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот се шири поради ветерот. На терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“.
-Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот, побарано е од Дирекцијата за заштита и спасување, а нашиот градоначалник го побара и специјалното возило за гаснење на шумски пожари од Доброволното противпожарно друштво во Пехчево, вели Руменковски.
Пожарот е регистриран синоќа на сува трева од страна на вработените на ЈП „Македонски шуми“, но попладнево е раширен поради ветерот. Градоначалникот на Берово, Пекески повика помош од населението во гаснењето на пожарот за да не се повтори сликата од минатата година.