Горан Петрески – Чунга е наследник на Горазд Михаилов на тренерското столче во Вардар

Само еден ден откако Вардар го доби „вечното дерби“ со Пелистер, шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов си поднесе оставка и повеќе нема да биде предвоник на „црвено-црните“.

Михаилов на тренерското столче седна минатата полусезона и успеа во исполнувањето на главната цел на клубот и навивачите, односно Вардар да го избори опстанокот во Првата македонска фудбалска лига, отако најтројфениот клуб славеше над второлигашот Детонит Плачковица.

Михаилов од Вардар заминува од приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Вардар веднаш најде решение за испразнетото тренерско столче.

Нов тренер на Вардар ќе биде Гoран Петрески, кој беше прв асистент на сега веќе екс тренерот Горазд Михаилов.

Горан Петрески или познат и како Чунга е вардарова легенда, миленик на верните „Комити“, а сега седнува на тренерското столче како предводник на Вардар.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб сезоната ја започна со пораз од Брера Струмица со 3:1, а во второто коло со минимални 1:0 го доби Пелистер во „вечното дерби“.

Александар Ванев, М-Нет