
Утре ќе се комплетира првото коло од Втората лига со одложениот меч меѓу Борец и Башкими, натпревар кој се игра на Градскиот стадион во Велес со почеток од 17 часот, а овој меч ќе можете да го следите во живо на телевизија М Нет преку директен пренос од Велес.
Борец експресно се врати во Втората лига, откако минатата сезона стана шампион во Трета лига – Југ, а потоа славеше над Велазерими во Битола во баражот и со тоа се врати во второлигашкото друштво. Во новата сезона Борец оди со цел да биде стабилен второлигаш, а потоа и да го трасира патот за враќање во елитата.
Башкими во новата сезона влегува со амбиции за атак на местата кои водат кон Првата лига, костурот на тимот од минатата сезона е сочуван, а дополнително е квалитетно засилен.
Предност за Борец ќе биде домашниот терен бидејќи истиот е со вештачка трева, како и домашната публика, Башкими има квалитет, но ќе биде и на тест уште на првиот меч дали и колку е подготвен за Прва лига.
Главен судија на мечот ќе биде Александар Василевски од Скопје, негови помошници ќе бидат Филип Ицковски и Алекснадар Николоски исто така од Скопје, четврт судија ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје.
Делегат на мечот ќе биде Тихо Чурлинов од Гевгелија, а пак контролор Марјан Маркоски од Охрид.
Пренос од Велес на телевизија М Нет ќе започне во 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет