
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев продаде 90% од акциите на струмичкиот прволигаш Академија Пандев, со што овој клуб ќе има нов сопственик за следната сезона од Првата македонска фудбалска лига.
На македонската берза продадени се 90% од акциите на Академија Пандев, објави порталот „Фактор.мк“. Како што објави овој портал, продадени се 2.250 акции за сума од 603 илјади евра.
Според информациите Брера Холдинг ќе го превзема прволигашот од Струмица, а најавено е дека Струмица ќе биде европски центар за талентирани фудбалери.
Останати се само 250 акции кои се во сопственост на Горан Пандев.
Академија Пандев е речиси до сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига, а останува да видиме како клубот ќе се развива во следниот период и што може да очекуваме за новата сезона од елитата на Македонија токму од Академија Пандев, која ќе биде предводена од нови сопственици.