Горан Гоцевски е новиот тренер на ФК „Каменица Саса“

Продолжуваат промените на тренерските позиции на екипите од Втората македонска фудбалска лига. Горан Гоцевски е новиот тренер на фудбалскиот клуб „Каменица Саса“. Тој го замени досегашниот шеф на стручниот штаб Горан Здравков. Горан Гоцевски е поранешен фудбалер на Пирин Благоевград и Каменица Саса. Вчера се означи стартот на подготвителниот период во пресрет на новата пролетна сезона на Втората фудбалска лига на Македонија. Амбициите на екипата од Македонска Каменица се пласман во Првата македонска фудбалска лига и продолжување на одличните резултати во новата сезоната. Покрај редовните тренинзи на екипата ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари, се стартува без поголеми измени во ростерот освен Дејан Ангов и Филип Димоски кои си заминаа од тимот, а треба да има и нов играч во нападот на тимот, но се уште не се открива името. Интересно е тоа што на самимот почеток од подготвителниот период е тоа што се вклучуваат односно се дава простор за докажување и можност за развој на младите играчи од фудбалската школа на клубот.

„Со подготовки почнавме од десети јануари понеделник, се е во ред со тренинзите припремите ќе ни бидат овде во Каменица, имаме закажано четири пријателски утакмици од кои една или две ќе бидат во каменица а другите на гостински терен. Имаме амбиција да влеземе во првата фудбалска лига, сакаме од оваа сезона да ги вклучиме и младите од Македонска Каменица за тоа и вклучивме плус четири деца од младинската школа“ кажа меѓу другото за М нет Горан гоцевски нов тренер на ФК„Каменица Саса“

Фудбалскиот Клуб „Каменица САСА“ есенскиот дел од сезоната 2021/22 го заврши на трето место, со еден бод помалку од екипите на Победа Прилеп и Слога од Виница, кои го делат првото место на табелата. Ова е една од поуспешните натпреварувачки сезони на каменичките фудбалери, после златните години на каменичкиот фудбал во деведесетите години од минатиот век. Заедно со каменичката спортска јавност и верните навивачи во публиката, со надеж дека сегашниот состав ќе успее да го врати прволигашкиот сјај на Градскиот стадион во Македонска Каменица.