Горан Андоновски е нов тренерот на ракометниот шампион на Косово!

Македонскиот стратег Горан Андоновски за првпат во својата кариера ќе има ангажман во странство откако го превзема шампионот на Косово екипата на Раховец.

Андоновски седнува на тренерксото столче на клуб кој има високи амбиции и ја прекини домининацијата на Беса Фамгас. Андоновски минатата сезона работеше со младинските категории во Охрид, а во Раховец охриѓанецот го заменува Верим Жерка.

Андоновски во Македонија ги водеше Охрид и Тиквеш со кои имаше големи резултати, а сега го започнува својот прв интернационален предизвик.

Новиот клуб на Андоновски за новата сезона има амбиции за освојување на сите трофеи и максимално и достоинствен настап на меѓународните натпреварувања.

„Веруваме дека големото искуство на Андоновски ќе ни помогне да ги постигнеме нашите поставени цели. Имаме уште многу нови работи кои ќе ги објавиме во следниот период“, истакнаа од клубот.

Раховец стана шампион на Косово со 27 победи и само еден пораз и со 54 бодови на своето конто, додека пак Беса Фамгас заврши на второто место со 48 бодови.

Александар Ванев, М-Нет