
Прволигашот Гостивар за новата сезона го промовираше Марко Симоновски како најново засилување за нападот.
Симоновски во последната деценија настапуваше во странство, последно 32-годишникот беше во Узбекистан, играше и за Дрита, Фероникели, Волунтари, Сепси, Лахти, Шахтер Караганди, Жетису, Сплит и Амкар Перм, додека пак во домашниот шампионт натпреваруваше за кичевски Напредок и Металург.
Симоновски има три настапи за сениорската репрезетанција на Македонија. Покрај Симоновски, Гостивар претходно ги договори Дарко Глишиќ, Константин Чешмеџиев и Мевљан Мурати.
За новата сезона од Првата лига екипата на Гостивар има високи цели.
Александар Ванев, М-Нет