
Бурим Садики реши да стави крај на играчката кариера и започнува со тренерска кариера во новиот прволигаш Беса.
Садики кој е играч со долгогодишно искуство во македонскиот фудбал откако ја заврши кариерата како активен играч сега ќе му биде помошник односно асистент на шефот на стручниот штаб Александар Танески заедно со Филип Ѓорчевски.
34-годишниот фудбалер од Тетово последно настапуваше за Беса, а најголема трага остави како играч со Ренова каде настапуваше од 2013 година до 2022 година кога Ренова згасна, а беше дел од Арсими и Дрита од Боговиње.
„Им благодарам на сите соиграчи, администрацијата, претседатели и целокупниот персонал за грижата и посветеноста на секој натпревар и секоја сезона. Иако денес завршува едно големо поглавје, сигурен сум дека мојата авантура сè уште не е завршена. Секогаш ќе ги носам со себе вредностите и лекциите што ги научив од фудбалот. Фудбалот е повеќе од игра, тоа е страст, живот. Вечно сум благодарен за сета поддршка и љубов што ми ја дадовте за време на оваа незаборавна авантура. Ви благодарам Ренова, Дрита, Арсими и Беса за сите прекрасни моменти и за пријателствата кои секогаш ќе останат во моето срце“, рече Садики.
Беса од Добри Дол за првпат во својата историја ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет