
Голем број ученици, средношколци, но и студенти, како и четириесетина компании денеска беа дел од отворениот ден на УГД Штип. Средношколците имаа можност полесно да одлучат што ќе студираат, а студентите понатаму да ја изградат својата иднина, со реално вработување во одредена фирма. Од индустрија, фармација, производство, до банкарство, здравствен сектор, сите сектори имаа свои преставници со кои им се нудеше запознавање но и можност за реално вработување на студентите.
„Буквално од секаде, имаме навистина огормен број на компании, мислам дека се 40, ученици од цела Македонија, што ми преставува посебно задоволство што факултетот станува интересен за студентите не само од нашиот регион, туку од цела држава“ – вели Мираковски.
Целта на отворениот ден е да се променат статистичките бројки кои покажуваат дека голем број млади по завршување на образованието заминуваат на работа во високо образовните држави, посочија од стопанската комора на Македонија. Велат дека со високо образование, но и со средно стручно може да се најде добра работа во државата.
„Сакаме да ја смениме статистиката и сакаме да ги смениме бројките на одлевање на кадар во високо развиените земји. Организирајќи вакви настани навистина можеме да делуваме да го задржиме најважниот фактор кој создава дополнителна дејност и дополнителна вредност, а тоа е човечкиот фактор.“ – вели Горгиева-Јовевска.
Со силно образование и студенти кои ќе се пронајдат на пазарот на труд може да се продонесе за развој на градот Штип, посочи градоначалникот, Иван Јорданов.
„УГД Штип е иднината на младите, иднината на бизнис сектор, реалниот сектор, иднината на Општина Штип.“ – вели Јорданов.
Отворен ден на УГД Штип се реализира втора година по ред. Успешноста на настанот од претходната година, ја продолжи традицијата и годинава со цел подогдности и за средношколците и за студентите и компаниите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет