СДСМ Штип: Неправда се прави со исплатата на мартовската плата во јавниот сектор

Неправда се прави со исплатата на мартовската плата во јавниот сектор истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека според Општиот колективен договор, Владата е обврзана да исплати плата зголемена на 12,5%.

„Наместо тоа, Владата спроведува манипулација со платите, со што на голем дел од вработените во јавниот сектор ќе им бидат скратени дел од примањата. Што значи ова во пракса?  Вработените во образованието ќе бидат оштетени за 5 до 8% од платите. И ова нема да биде еднократен удар – со секоја наредна плата ќе продолжи кратењето!  За останатите вработени во јавниот сектор, наместо реално зголемување според колективниот договор, ќе има скратување и до 10%, бидејќи платите веќе се подготвуваат со зголемување само од 1.800 денари – што е минималното усогласување со покачувањето на минималната плата, а не реалното зголемување што им следува според договорот. Владата е должна да го испочитува  Општиот колективен договор и да ја исплати мартовската плата согласно законскиот пораст од 12,5%.“ – велат од СДСМ Штип.

Работниците нема да дозволат нивните права да бидат газени, додадоа од ОО на СДСМ Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет