
Изминатиот викенд во Штип се одржа Меѓународниот турнир “Трофеј Штипски Боречки Асови”, каде учество земаа 125 борачи од Македонија, Романија, Косово и Бугарија.
Борчите на Балканец постигнаа големи резултати, во категоријата пионери или У-15 освоија четири златни медали и два бронзени медали.
Во категоријата деца до 12 години Балканец освои четири бронзи и едно сребро. На овој Меѓународен турнир имаше и ревијални натпревари за почетници, каде Балканец освои три златни медали, четири сребрени медали и пет бронзени медали.
За носител на Трофејот е програлсен Никола Гицев, најдобар домашен борач беше младиот Зоран Шоров, за најдобра борачка беше прогласена Бојана Ковачова, најдобар техничар беше Христијан Димитриев, додека пак најдобар странски борач беше Ѓорги Ицов од Бугарија.
Екипата на Балканец беше предводена од тренерите Мики Тодоров, Давор Тасев и Константин Шоров, забележувајќи големи резултати во сите категории и во машка и во женска конкуренција.
Александар Ванев, М-Нет