Куп жени: Прволигашот Тиверија Брера против Билјанини Извори, Кочани против Атлетико, Саса со Речица

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет | АРХИВА

В среда ќе се одиграат натпреварите од осминафиналето од фудбалскиот Купот на Македонија во женска конкуренција.

Скопје на домашен терен ќе игра против битолски Топ Гол, второлигашко соочување на Вардар и Борец, Љуботен како голем фаворит ќе игра против второлигашот Порече од Македонски Брод, во Струга Ас Јунајтед ќе се соочи со второлигашот Победа од Валандово.

Каменица Саса како голем фаворит ќе игра во осминафиналето против Речица, прволигашот Атлетико против есенскиот шампион од Втората лига екипата на Кочани.

Прволигашот Истатов ќе игра против радовишкиот второлигаш Плачковица, додека пак прволигашот Тиверија Брера како апсолутен фаворит ќе игра против Билјанини Извори од Охрид.

Победниците од овие натпревари патуваат во четвртфиналето од фудбалскиот Купот на Македонија во женска конкуренција.

Александар Ванев, М-Нет