
Вообичаено како и во сите светски клубови така и Џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани се приклучува кон одбележувањето на денешниот Светски ден на спортот – Џудо. Според информаците од спортскиот педагог и тренер на Гладијатор Драган Шеќероски, нивниот клуб со пригодна демонстрација и презентација од вештините на овој мошне атрактивен и се почесто присутен кај младите спорт ќе се приклучи кон чевствувањето на овој значаен ден. Интересно според зборовите на Шеќероски годинава мотото на Светската Џудо федерација е „Солидарност“ и под ова мото воедно се прославува и роденденот на „таткото“ на Џудо спортот а тое е Џигоро Кано. Колку за потсетување Џудо клубот Гладијатор во Кочани своите тренинзи ги обавува во салата на ООУ „ Малина Поп Иванова“ таму врши упис на нови членови и секако таму се одвиваат полагањата за појаси под будното око на стручните и компетентви членови на комисијата од Македонска Џудо федерација.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk