
Фудбалските второлигаши од групата Исток продолжуваат со возбудливите, атрактивните и до крај неизвесните натпревари на сите терени. Се почесто се сменуваат екипите на врвот што значи дека квалитетот како никогаш досега е на високо ниво а со тоа и потенцијалот на повеќе екипи за освoјување на врвот и желбата за пласман во Прва лига. Следното 9 коло носи нова неизвесност а најмногу вниманието го привлекува дерби натпреварот Каменица Саса – Слога откако „рударите“ кикснаа кај Братство а Слога пак со нова победа ги заменија местата на табелата. Тимот на тренерот Горан Здравков ништо не остава на случајноста наведувајќи дека тоа било само привремена слабост и верувајќи во квалитетите на своите играчи најавува одлична партија. Од друга страна Слога ја предводи исто така искусен стратег Никола Кузманов кој донесе новитети во играта на виничани што резултира со моменталните успешни настапи. Тоа ќе биде мошне интересно фудбалско надмудрување на двајца штипски тренери кои ете со својата успешна работа го красат фудбалскиот исток. Благодарејќи на одличната соработка со ФФМ нашата на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт ќе вршиме директен пренос од Македонска Каменица од овој натпревар. Еве ги комплетните парови за ова 9 коло:
- Детонит – Братство
- Беласица – Победа
- Кит Го – Локомотива
- Кожув – Осогово
- Каменица Саса – Слога
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 30 октомври 2021 г. со почеток во 14.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk