
Изминаа 11 натпревари од првенството на ПМФЛ со што се спушти фудбалската завеса од првиот дел во кој Брегалница го заседна четвртото место на табелата. Веќе утре петок се отвара вториот првенствен циклус кој го предводи токму Брегалница со гостување на првопласираниот тим на табелата тимот на Шкупи. Инаку Брегалница се пласира и во понатамошните куп – натпревари на Македонија а нашите информации велат дека ждрепката за четврт – финалните куп натпревари ќе се изврши на 2 ноември оваа година. Натпреварот Шкупи Брегалница ќе се одигра утре, петок на стадионот во Чаир со почеток во 14.00 часот. Еве ги комплетните натпревари за ова 12 прволигашко коло:
- Шкупи – Брегалница
- Струга ТЛ – А. Пандев
- Борец – Работнички
- Шкендија – Тиквеш
- Скопје – Ренова
- Пелистер – Македонија ЃП
Поради изборниот циклус преостанатите 5 натпревари наместо во недела ќе се одиграат во сабота 30 октомври со почеток во 14.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk