Втор уписен рок за средношколците, во Штип слободни места има во сите училишта, но не и во сите струки

Втор електронски уписен рок за идните средношколци. Учениците кои завшрија девето одделение вчера и денеска имаа можност да се запишат во едно од средните училишта во Штип. Слободни места има во сите средни училишта, но не во сите струки. Најголем одзив за запишување има во медицинско училиште и во СОУ „Коле Нехтенин“, каде има слободни уште 35 односно 20 места.

„Ова е втор уписен рок во средните училишта и можеме да кажеме дека бројката на пријавени и запишани ученици е задоволителна. Во сите средни училишта во Штип има слобидни места, но не во сите профили. Во СОУ „Коле Нехтенин“ Штип има слободни околу 20 места во машинската струка, додека во средното медицинско училиште околу 35 слободни места дел во насоката за физиотерапевт, во насоката акушерки и медицински сестри.“ – вели Санева.

Во средните училишта во Штип вкупно се запишуваат околу 500 ученика, иако училиштата имаат капациетет за речиси 700. Во Штип деветто одделение завршиле нешто повеќе од 400 ученика, но средношколци има и од останатите градови од Истокот и регионот.

„Во средните училишта има слободни околу 700 места, ама таа бројка оддамна не е пополнета. Се пополнува бројката од 500 ученици.“ – додава Санева.

Основците ќе имаат можност да се запишат во средно образование и во третиот уписен рок на 21 август.

Лаура Стојанова М-Нет