Башкими го промовираше Муарем Муарем за нов тренер, прволигашот од Куманово ќе гради силен и конкуретен тим!

Новиот прволигаш Башкими во следната сезона ќе го води Муарем Муарем, кој веќе е промовиран како нов тренер во тимот од Куманово.

36-годишниот Муарем имаше успешна кариера и како професионален фудбалер, настапувајќи за Тетекс, Работнички, Шкупи, Брегалница и Гостивар, во странство настапуваше и за Карабах од Азербејџан, потоа и за Актобе и Фљамуртари, а настапуваше и за екипи од Турција.

По завршувањето на професионалната кариера како фудбалер, ја започна тренерската кариера, откако прво беше главен тренер на Гостивар, каде покажа модерен пристап и донесе значајни резултати во тимот, по што беше помошен тренер во Шкупи, каде исто така даде голем придонес во тој клуб.

Муарем сега го превзема кормилото на Башкими, тим кој преку бараж обезбеди влез во Првата лига и по 17 години се врати во фудбалската елита на Македонија.

Како што порачуваат од клубот целта ќе биде да се создаде силен и конкуретен тим, со кој освојувачот на Купо на Македонија од сезона 2004/2005 ќе цели кон добар пласман во елитата.

Претходно, тимот го водеше Баже Јанакиевски, кој поради свои лични причини се раздели од клубот.

Александар Ванев, М-Нет