
Второлигашот Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона со првата прозивка која ја имаше стратегот Ѓорѓе Стојчев, откако истиот беше назначен за нов шеф на стручниот штаб пред околу еден месец.
На првата прозивка беа сите фудбалери на кој стратегот Стојчев ќе може да смета за време на подготовките, но и за новата сезона. Подготовките Брера ќе ги реализриа во Струмица, а планирани се шест контролни средби преку кои стручниот штаб ќе има можност да ја проверува формата.
Во стручниот штаб на Стојчев влегува и Христи Бикоски, кој ќе работи како кондиционен тренер.
Инаку, новата сезона Брера Струмица ја стартува на домашен терен против Еуромилк ГЛ.
Александар Ванев, М-Нет