Брегалница повеќе не е блокирана од ФИФА, може да регистрира играчи!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Штипскиот второлигаш Брегалница повеќе не е блокиран од ФИФА и ќе може да регистрира нови играчи, откако го реши проблеми, а најверојано се работи за долг кон некој побарувач односно играч или тренер, а забраната за трансфери доаѓа по негова пријава.

Брегалница беше блокираната од страна на ФИФА на 24. јануари годинава, а забраната се однесуваше на три преодни рока, што ќе имаше големо влијание врз амбициите на клубот.

Сепак, штипскиот клуб реагираше и го реши проблемот, а тоа значи дека Брегалница повеќе не е на оваа листа односно не е блокирана од ФИФА.

Според последното ажурирање на оваа листа на ФИФА, прволигашот Шкупи кој имаше две забрани, едната сега е тргната, па останува забраната која Шкупи ја доби на 26. декември 2024 години и се однесува на забрана за регистрација на нови играчи во следните три преодни рок.

Брегалница е на второто место на табелата во Втората лига, а во пролетниот дел ќе води борба за сочувување на второто место, а притоа и да го напаѓа првото место со цел да може експресно да се врати во Првата лига.

Досега Брегалница официјално ги промовираше Стефан Бабунски, Лука Георгиев и Димитриј Попоски.

Пролетниот дел Брегалница го отвара против Победа во Прилеп.

Александар Ванев, М-Нет