Второлигашкото фудбалско првенство на истокот ќе биде интересно, возбудливо и до крај неизвесно

Спортската редакција на Mnet.mk преку своите текстови најавуваше тешка, беспоштедна, бескомпромисна, возбудлива, интересна и до крај неизвесна жешка фудбалска второлигашка есен на добриот стар Исток. Преку остварените контакти со официјалните лица со скоро сите клубови се направи скенер при што се дојде до констатација за силината, и традиционалните вредности на овие некогашни респектабилни екипи. Првите 4 кола тоа на дело го покажуваат особено завчерашниот натпревар на „градски“во Штип.

Брегалница важеше за апсолутен фаворит, тоа останува и понатаму, но некако изненади тимот на Осогово кој во претходните три кола имаше доживеано два порази и освои бод и тоа против Кит Го во Пехчево. Ни најголемите песимисти не се надеваа на кикс на Брегалница и загуба на два планирани бода. Брегалница играше, имаше иницијатива, создаде и прекрасни шанси, но неефикасноста или немањето на среќа и те како влијаеше на резултатот.

Од друга страна фанатичната борбеност и пожртвуваност на играчите на Осогово како да ги изненади сините кои како да беа исфрлени од колосек ем од борбеноста, ем од можеби претераните прекини поради повреди. Како и да е добро е што вакви киксови се случуваат во почетокот на првенството за да се анализираат и поправат евентуалните грешки.

Брегалница во водство од 1:0 дојде со голот на Антонио Митрев постигнат во 58 м. Играчите на Осогово го израмнија резултатот на 1:1 во 64 м. преку Илија Далчевски. Сега следува нов тест за Брегалница со гостување кај директниот конкурент Тиквеш од Кавадарци.

Неофицијално се „шушка“ дека натпреварот Тиквеш – Брегалница ќе се одигра во Росоман каде што пак информациите велат дека теренот е катастрофа. Дали има вистина во ова наскоро ќе се дознае, но не е лошо Брегалница да тренира и да се запознае со некој лош терен за да не биде изненадена. Еве ги комплетните резултати од ова 4 коло:

Кит Го – Тиквеш 0:3

Победа – Плачковица 0:0

Росоман – Каменица С 3:2

Слога В – Кожув 1:1

Бреглница – Осогово 1:1

Табела

  1. Тиквеш 10
  2. Брегалница 10
  3. Победа 7
  4. Слога В 7
  5. Росоман 7
  6. Кожув 5
  7. Каменица С 3
  8. Осогово 2
  9. Кит Го Пехчево 2
  10. Плачковица 1

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk