Mигрант од Тунис пронајден во Штип

На 20.09.2020 во 11.00 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Штип го забележале и запреле И.Ј.(27) – мигрант од Тунис, кој се движел пеш во насока на железничка станица Штип. Преземени биле мерки, И.Ј. бил предаден на полициски службеници од Гранична полиција за понатамошна постапка.