Александар Ставрев ќе биде „главна свирка“на натпреварот Брегалница – Скопје на „градски“во Штип

Поради квалификациските обврски на македонската селекција повторно ќе има промена на термините за прволигашки и второлигашки фудбал, односно прволигашите ќе играат во сабота а второлигашите во недела. Брегалница ќе биде домакин на тимот на Скопје а главна „свирка“ на „градски“ ќе биде Александар Ставрев на кого ќе му помагаат Дејан Костадинов, Гоце Петрески и како четврти судија ќе биде Ивана Пројковска сите од Скопје. Еве ги комплетните двојки за ова 13 коло:

  1. Пелистер – Струга ТЛ
  2. Македонија ЃП – Шкупи
  3. Ренова – Шкендија
  4. Тиквеш – Борец
  5. Работнички – А. Пандев
  6. Брегалница – Скопје

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 6 ноември 2021 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk