
Дел од второлигашите во текот на оваа недела ќе ги започна подготовки за пролетниот дел од сезоната. Каменица Саса утре ќе ги започне зимските подготовки со првата прозивка на Градскиот стадион во Македонска Каменица.
Клубот ќе има неколку промени во ростерот, ќе има неколку засилувања. Договорени се пријателски натпревари со Тетекс, а ќе има две тестирања со штипска Брегалница. Се очекува да биде договорена уште една пријателска средба за проверка на формата.
Саса е во бараж зоната и ќе се обиде да избори опстанок во пролетниот дел.
Преспа од Ресен на 21 јануари ќе означи старт на зимските подготовки, ростерот е сочуван, а ќе има и неколку засилувања и приклучувања на играчи од младинската школа. Тимот го очекува многу тешка мисија за опстанок, бидејќи тимот е во долниот дел на табелата во зоната за директно испаѓање.
Овие денови и Вардар Неготино ќе треба да означи старт на зимските подготовки, како и Големо Коњари, а од Слога Виница засега нема официјален датум кога ќе стартуваат зимските подготовки, каков ќе биде планот и дали ќе има засилувања, со оглед на фактот што тимот е свесен дека опстанокот е речиси невозможен исто како и за Големо Коњари.
Пролетниот дел од сезоната стартува на 21 февруари.
Александар Ванев, М-Нет