Вчера започна новата сезона во Трета лига – Југ, која наместо со 14 екипи ќе се игра со 13, откако екипата на Марена го откажа своето учество.
Стартот од новата сезона донесе многу изненадувања, а новите екипи кои доаѓаат од Општинските лиги прикажаа добра фудбал и резултати со кои ги изненадија фаворитите.
Бучин и Превалец одиграа реми 0:0, во новата сезона екипата на Превалец ќе биде главен фаворит за првото место и баражот, но на стартот тргна само со бод.
Ултра со 2:1 славеше над Младост од Кривогаштани, со што трите бодови остануваат дома.
Новајлијата Башкими 2008 со минимални 1:0 славеше над фаворитот Росоман, во меч каде натпреварот беше решен во финишот.
Влазними Јуниор на домашен терен загуби од екипата на Венес од Долни Дисан со резултат од 2:4 во натпревар кој се одига во Мало Коњари, а на кој беа постигнати најмногу погодоци.
Новиот член на Трета лига – Југ екипата на Дреново одигра 1:1 против Слога, а пак Питу Гули го доби дербито на колото кое се играше во Крушево со минимални 1:0 над Големо Коњари.
Повратникот во Трета лига – Југ, екипата на Обршани во првото коло одмараше бидејќи требаше да игра со Марена.
Александар Ванев, М-Нет