
Обилните врнежи од дожд, ги наполнија коритата на реките ширум државата. Во некои делови од државата истите придонесоа за излевање, како и опасност од понатомошно предизвикување на штети. Во Источниот дел од државата, ситуацијата се држи под контрола. Во Општина Кочани и Делчево, и покрај зголемениот водостој на реките, нема излевање на истите ниту опасност истите да причинат поголема штета. Континуираното врнење на дожд во изминатите неколку денови, после долго време суша, придонесе за водата да го наполни и коритото на река Отиња во Општина Штип. Овие врнежи од дожд, позитивно влијаат и на дел од земјоделските култури бидејќи во претходниот период, тој беше со намален интензитет, т.е. речиси и го немаше.
Во Општина Штип, уште рано изутрина екипите се на терен за зголемена претпазливост од водите кои надоаѓаат од врнежите од дожд. Во текот на денот имаш запушување на една шахта кај општината, но проблемот на време беше саниран, и немаше поголеми отежнувања предизвикани од поплави. Врнежите од дожд не изостанаа во текот на денешниот ден, а истите само со помал интензитет, односно веројатност од 55% се предвидени и за текот на утрешниот ден. Денеска во Општина Штип, максималната дневна температура е со интервал од 6 степени целзиусови.
Лаура Стојанова М-Нет