50 години недоизградена црквата во с. Мустафино, новиот одбор бара помош за трепезаријата и кујната

Веќе 50 години, доизградбата на црквата „Вознесение Христово“ во светиниколското село Мустафино не може да се помести од мртва точка. Постојано низ годините се менувал црковниот одбор, се градело по нешто ситно, но крајот се уште далеку се гледа. Но, новиот црковен одбор, кој е формиран неодамна, за кратко време успеал да застане цврсто на нозе и поинтензивно да работи, за конечно да ја завршат изградбата. Собираат донации, купуваат материјали, и целото слободно време го користат за доизградбата. Моментално и се неопходни уште две ипол илјади евра, за да ја завршат кујната и трепезаријата, за да и тие како и другите села, достојно ги пречекаат гостите за нивиот празник. За М-Нет телевизија, велат дека со овие средства и нешто плус што тргнале на страна е предвидено да се купат прозори и врати, како и плочки и останатие елементи, за да целосно биде завшрена трепезаријата, а потоа ќе се посветат на црквата.

,,Потребна ни е донација од финансиска помош за да може да го изградеме. Моментално градиме кујна со трепезарија. Имаше стара, ја бутнавме, бидејќи беше искупната целата. Сепак се дава ручек, вечера и гостите да бидат на безбедно и сепак делиме храна нели. Ние имаме нешто пари настрана, но потребни ни се некаде околу две ипол илјади евра, за да ставиме врати, прозорци, како и плочки, лабаво, болјер за внатрешниот дел и за да биде се како што треба. Казани имаме, моментлно се два и мислам дека се доволно. Само ни треба прозори, врати, за да ја затвориме.“, вели Коцев

Црквата се уште не е осветена, велат од црковниот одобро. Потребно е да се стави кубе, да се исцрта, а потоа да се повикаат свештениците за освета.

,,Црквата моментално не ни е средена, не можеме да ја осветиме, бидејќи нема се уште кубе, но ќе правиме напори, ќе одиме и по фирми. Прво да завршиме со ова, па потоа ќе се посветиме на изградбата. Црквата се гради над 50 години, но се менуваат постојано црковните одбори, но еве ние сме нов одбор и со напори сакаме да ја доизградиме и да ја осветиме.“, додава Коцев

Инаку, оваа црква според претставниците од таму, се гради околу 50 години, но поради менувањето на црковните одобри, но и финансиските кризи, не е целосно завршена.

Иван Митев, М-Нет