
Во тек е пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Ораовица 2023“, кој се игра во радовишкото село Ораовица.
Пријавувањето е отворено до 12 јули, а котизацијата за учество по екипа е 3.000 денари.
Натпреварите ќе се одиграат на новиот повеќенаменски спортски терен под рефлектори, а за првото место е предвидена парична награда од 140.000 денари. Второто место ќе добие 70.000 денари, третопласираната екипа 40.000 денари, а пак за четвртото место следува парична награда од 20.000 денари.
Пријавувањето можете да го направите на 078/433-987, 071/250-418 и 071/253-789.
Телевизија М Нет медиуски го поддржува овој спортски настан во село Ораовица, радовишко.
