„Малеш Куп“: PUB Делчево ја искина мрежата, Кинеска Надеж со нов триумф

Синоќа беа одиграни четири натпревари од групната фаза на ноќниот турнир во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово.

City Pub & Discoteque Calipso со 0:2 загуби од Рефреш Кафе & Гостилница Гаго, во вториот меч PUB Делчево со 6:1 ја искина мрежата на ОФК Малеш, младите фудбалери немаа сили да го запрат налетот на расположениот протовник.

Кинеска Надеж стигна до нова победа, откако синоќа со 2:0 славеше над Динго Тир, а во последниот меч Еклектик со 4:0 го доби City Pub & Discoteque Calipso.

Вечерва се играат последните четири натпревари од групната фаза. PUB Делчево и Кинеска Надеж во 19 часот ја отвараат вечерва, во 19:45 часот Боров Стебло – Тони и Синовето ќе играат против ФК Камерун, во 20:30 часот Панорама Делчево ќе се соочи со Рефреш Кафе & Гостилница Гаго, а пак ОФК Малеш и Динго Тир во 21:15 ќе ја затворат вечерва.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан во Берово.