Во сабота 20 февруари ќе се одиграат две фудбалски „генералки“ на стaдионот Бело Брдо во Штип

Фудбалските второлигаши полека но сигурно ги привршуваат подготовките и со нетрпение го очекуваат стартот на пролетниот дел на првенството. За таа цел утре, сабота ќе се одиграат повеќе контролни натпревари од кои во Штип ќе има двоен програм. Имено на стадионот на Бело Брдо со почеток во 12.00 часот ќе се одигра „генералка“ во која ќе се сретнат Кит Го Пехчево – Тетекс од Тетово.

Веднаш потоа на истиот стадион со почеток во 14.30 часот ќе се одигра натпреварот Брегалница – Скопје. Ова ќе биде убава можност силите во пријателски мегдан да ги одмерат прваците на Втората лига – Исток, Брегалница и лидерот на Втората лига – Запад, тимот на Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk