Во сабота последно второлигашко коло, Кит Го – Каменица Саса директно на Мнет ТВ и на Мнет Спорт

Фудбалските второлигаши од групата Исток се на чекор до последното есенско остварување по што ќе следи зимска пауза. Тие утре, сабота ќе ги одиграат натпреварите од последното есенско коло во кое нашата Мнет ТВ благодарејќи на одличната соработка со ФФМ ќе врши директен пренос од средбата во Штип Кит Го – Каменица Саса. Интересен дуел на две екипи со Трајче Сенев и Горан Здравков како шефови на стручниот штаб кои одлично си ја вршат работата со тоа што засега тимот од Македонска Каменица се наоѓа на 3 место на табелата со 28 бодови а екипата од Пехчево е на 5 позиција со 19 освоени бодови. Еве ги комплетните парови за ова 15 коло:

  1. Кожув – Братство
  2. Кит Го – Каменица Саса
  3. Беласица – Слога
  4. Детонит – Осогово
  5. Победа – Локомотива

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 11 декември 2021 г. со почеток во 13.00 часот.