Брегалница во Кавадарци ќе ја спушти есенската прволигашка завеса

Фудбалските прволигаши комбинирано во сабота и недела ќе ги одиграат натпреварите од последното првенствено коло во кое еден меч ќе се одигра во сабота а преостанатите пет ќе се одиграат во недела. Први ова 18 коло ќе го отворат екипите на Тиквеш и на Брегалница во сабота во меч кој носи голема неизвеснот за самиот исход. Екипата на Тиквеш предводена од искусниот стратег Влатко Костов е во подем и последните резултати најавуваат бегство од самото дно на табелата кон сигурната средина од табелата. Од друга страна пак Брегалница зачести со поразите, доживеа три порази , оствари една победа и еден нерешен резултат во последните 5 меча, и што е нај разочарувачки испушти голема шанса во Купот на Македонија. Еве ги комплетните двојки за ова последно есенско коло:

Сабота 11.12.2021 г.

  1. Тиквеш – Брегалница

Недела 12.12.2021 г.

2. Струга ТЛ – Ренова

3. Работнички – Македонија ЃП

4. А. Пандев – Пелистер

5. Борец – Шкупи

6. Шкендија – Скопје

Сите натпревари ќе започнат во 13. оо часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk