
Познат датумот за утврдување на местото односно стадионот каде ќе се игра баражот за Првата лига, како и ждребот за баражите за Втората лига.
Како што ексклузивно дознава телевизија М Нет, во понеделник во 11 часот во просториите на ФФМ ќе се утврди местото односно стадионот каде ќе се одигра бараж натпреварот меѓу Вардар и Детонит Плачковица.
30 минути подоцна, односно во 11:30 часот, исто така во просториите на ФФМ преку ждреб најпрво ќе бидат утврдени двојките за бараж натпреварите за влез од Трета во Втора лига. Откако ќе бидат утврдени двојките ќе се утврдат местата односно стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите.
Според оваа, ќе се утврди и точниот датум на одигрување на баражите. Неофицијално како што дознава телевизија М Нет баражот за Првата лига меѓу Вардар и Детонит Плачковица, ќе се одигра на 26. мај, но оваа ќе биде и официјално потврдено веќе во понеделник.
Александар Ванев, М-Нет