
Јаболки, банани, цреши се најдоа на главната листа за најомилени овошја на штипјани, велат дека освен што имаат придобивки и поволно влијаат здраво за организмот, не е исклучена можноста вештите домаќинки од нив да направат компот или пита за своите најмили. Велат дека цените на овие производи се високи, но едногласни се дека трпезата не може да помине без нив.
„Јабуки, овошје. Да правам пити со јабуки, јадам си јабуки. Средно од празниците малку ги качија, иначе за нив е евтино за нас е скапо.“
„Секакво овошје и зеленлчук, јабуки, банани, тоа па зависи“
„Шо имаме домашно правеме, скапијата е голема. Тоа имаме у дворо, бани купуваме, јаболка и така навикнати сме на јаболка од мали. Правам сокови, компотче нешто такви работи. Па како стареам почнувам да смалувам ама уште се борам“
Дел од граѓаните покрај овошјето не ги изоставуваат и зелените прозиводи без кои не можат да ја замислат трпезата без нив
„Се јадеме, може јабукии, повеќе краставици, патлиџани, тоа портокалите ногу скапи не можеме да земеме.
„Највише сакам пиперка со лукче тоа ми е најомилено и бело гравче.“
Покрај јаболките, бананите можеше да се забележи дека најомилени им се зелените производи кои ги комбинираат во најразлични салати и со други јадења, честото јадење јаболка е најдостапниот и веројатно најевтинот (за многумина и највкусен!) начин редовно да внесуваме квалитетна свежа храна, односно витамини, минерали и различни фитонутриенти. Бананата е едно неверојатно здраво, вкусно и моќно свежо овошје. Одлична е за мозокот, мускулите, бубрезите и црниот дроб. Од друга страна пак краставицата го намалува нивото на мочна киселина во вашето тело и со тоа го одржува здравјето на бубрезите.
Лаура Стојанова, М-Нет