
Во недостиг на слободно паркинг-место, возачите ја користат секоја педа за да ги паркираат своите возила. Мета на таков „див“ паркинг е и дворот на основното училиште „Ванчо Прке“ во централното градско подрачје. Речиси во секој дел од денот таму може да се забележат паркирани автомобили и мотори. Ниту поставените препреки не ги спречуваат возачите да паркираат овде, бидејќи за влез го користат просторот кај пешачкиот премин. Постои ли начин на кој може да се реши ова, го прашавме директорот на училиштето, Кокан Радев. Во телефонски разговор за М-Нет Телевизија посочи дека ова е проблем кој се провлекува подолго време, а за кој сѐ уште нема долгорочно решение. Вели дека и тие како училиште не се согласуваат со ваквата воспоставена пракса и затоа веќе имаат реагирано неколкупати, апел упатуваат и до возачите.
Ребека Спасова М-Нет