Во Кочани, Прилеп и Тетово се играат клучни натпревари за опстанок во Втората лига

ФОТО: Телевизјиа М Нет

22 коло од Втората лига кое се игра овој викенд носи три клучни натпревари кога е во прашање опстанокот во второлигашкото друштво. Во Кочани, Прилеп и Тетево ќе се одиграа три клучни дерби натпревари од долниот дел на табелата, а овие натпревари може да се покажат и како клучни на девет кола до крајот од сезоната.

Во Кочани ќе се одигра дуелот меѓу Осогово и Новаци, во меч каде „жетварите“ ќе бараат триумф за излез од резултатската криза, а пак Новаци во Кочани ќе ја бара првата пролетна победа.

Во Прилеп ќе се одигра директен дерби дуел за опстанок меѓу Победа и Каменица Саса, три бодови од капитална важност и за едните и за другите. Ланскиот прволигаш Победа мака мачи да се избори за опстанок и во пролетниот дел нема триумф, а од друга страна Саса во Прилеп доаѓа силно мотивирана по двете брзани победа над Тетекс и Башкими, каде доколку „рударите“ ги обезбедат трите бодови ќе бидат во борба и за директен опстанок. Саса немаше шест месеци триумф, а првиот триумф кој го имаше оваа сезона беше токму над Победа во рамки на 7. коло кога „рударите“ дома со 2:1 славеа над Победа.

Во Тетово ќе се одигра уште еден важен меч за опстанок во Втората лига меѓу Тетекс и Кожуф, дерби дуел на двете екипи кои се во длабока резулатска криза и на последните пет натпревари немаат победа. Филип Деспотовски кој е тренер на Кожуф е поранешен тренер на „штофарите“, па тоа може да биде за него предност но и за самиот Кожуф конечно да ја израдува публиката во Гевгелија, откако Кожуф на почетокот од сезоната беше хит во Втората лига, но тоа траеше доста кратко.

Од екипи кои се борат за опстананок оваа коло најтежок меч ќе има Караорман кој ќе игра против лидерот Беса, па многу нема да биде чудно ако стружани после оваа коло завршат на последното место на табелата.

Александар Ванев, М-Нет