
По дезинфекцијата на јавните површини, вработените во КЈП „Водна кула“ и стотици граѓани, извршија тотална дезинфекција на семејните дворови. Градоначалникот на најмалата општина на истокот на социјалните мрежи упати благодарност кон жителте на Општина Зрновци и апел за максимална претпазливост:
-„ Ме израдува масовното учество на граѓаните, значи, свесни за сериозната состојба и дека само сплотени ќе го победиме ова зло.
Сепак уште еднаш апелирам, најдобрата превентива а да се седи дома и што помалку меѓусебни контакти, претпазливо при купување намирници, користете го гелот за дезинфекција и пред пазарувањето и после наплатата, маска користете само во затворен простор дури и кога сте сами, надвор држете растојание барем од 2м“.

