
Во разигрувањето за влез од Првата Б кошаркарска лига во Првата А кошаркарска лига екипата на Тим Арена од Штип доживеа висок пораз на првиот меч откако во Кавадарци беше поразена од Пробаскет со 76:42.
Ова беше прв меч на Пробаскет кој заврши на претпоследното место во Првата А кошаркарска лига и Тим Арена која заврши на првото место во Првата Б кошаркарска лига.
Струга на домашен терен во „Нико Нестор“ забележа пораз од Патриот со тесни 56:58. Ова беше дуел на последнопласираната Струга и Патриот од Делчево кој заврши на второто место во Првата Б кошаркарска лига.
Вторите натпревари се играат веќе утре.
Александар Ванев, М-Нет