
В сабота се играат натпреварите од последното есенско коло на Втората лига – Детонит Плачковица ќе го пречека Скопје, дуел во кој радовишани на свој терен ќе бараат враќање на победите и три бодови, па со позитивен резултат да ја затворат 2025 година, од друга страна „пиратите“ од Автокоманда во Радовиш сакаат продолжување на победничката серија и освојување на нови три бодови со кои ќе го напаѓаат првото место кое директно води кон Првата лига.
Дуелот меѓу Детонит Плачковица и Скопје е од голема важност и за двете екипи, а истиот ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Радовишкиот тим е седми на табелата со 23 бодови, колку што има и Осогово кој е осми и ќе мора да дојде до нови бодови со цел да не заврши во бараж зоната, од друга страна пак Скопје има идеална шанса да се пробие во топ три на табелата.
Во меѓусебните дуели од 2023 година наваму Скопје никогаш не го победил Детонит Плачковица, три средби завршиле со победа за радовишани, две на домашен терен една во Скопје и тоа историска победа од 1:4 во Автокоманда на „Железарница“, а на истиот терен во март годинава двете екипи ремизираа играјќи 2:2.
Традицијата вели дека за очекувања се минимум два погодоци, па останува да видеме преку директен пренос на М Нет телевизија, сабота од 13 часот соочување на Детонит Плачковица и Скопје.
Александар Ванев, М-Нет