Драчево Јуниор доаѓа на „жешкиот“ терен во Штип, ракометарите на Текстилец подготвени за триумф!

Екипата на Драчево Јуниор в недела доаѓа во Штип каде на „жешкиот“ терен во салата „Тошо Арсов“ ќе се соочи со Текстилец, во меч од 12. коло на Првата ракометна лига.

Салата „Тошо Арсов“ во Штип е место каде тешко се освојуваат бодови, а многу фаворити губеле натпревари, така беше и со Вардар Неготино, кој како фаворит загуби па промени тренер. Скопскиот тим е свесен за ова неизвесно гостување, штипскиот тим во многу наврати сезонава покажува дека е ниво повеќе од ланската сезона и бележи одлични резултати.

Драчево Јуниор не смее на погреши и нема право на било каков „кикс“, ако сака да биде конкурентен за местата кои водат кон Суперлигата, а од друга страна Текстилец со триумф би можел да прогреси и да биде петти на табелата.

Во однос на останатите натпревари. Во сабота се игра големото дерби во Автокоманда меѓу Мулти Есенс и Вардар Неготино, Младост во Богданци како голем фаворит ќе игра против Аеродром.

В недела покрај мечот во Штип се играат уште неколку натпревари. Македонија ЃП ќе игра со Партизан, Кичево ќе бара позитивен резултат против Преспа, а пак Јехона ќе биде домаќин на Шампион.

Во рамки на оваа коло слободна ќе биде екипата на Овче Поле од Свети Николе.

Александар Ванев, М-Нет