Во длабока фаза е уредувањето на просторот за поставување на монтажна ковид – болница во Општина Кочани

Започнато е уредувањето на теренот за поставување на монтажна ковид болница во Општина Кочани. Во круготот на Општата болница со проширена дејност, е предвидено изградба на платформа со стуја, вода и канализација на која ќе се постави модуларна монтажна болница за лицата болни од ковид – 19. Со оваа монтажна болница ќе се нуди сериозен третман на позитивните лица од корна вирусот, без притоа да се нарушува нормалното работење на Општата болница во Кочани. „ Министерството за здравство одлучи да постави монтажни ковид центри во 16 општини во државата, од кои една беше и Општина Кочани. Локалната самоуправа започна со расчистување на теренот, кое е навлезено во длабока фаза и се очекува да заврши кон крајот на наредната недела“ – изјави градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев. По уредувањето на просторот на монтажната ковид – болница, се очекува во рок од 90 дена Министерството за здравство ја да постави истата. Инаку, со искористување на одделението за физикална терапија, во Општата болница со проширена дејност во Кочани, капацитетот за згрижување на ковид пациенти се зголеми за дополнителни 15 легла. Од интерното одделени беа овозможени 25 кревети со што во болницата во Кочани сега има вкупно 40 кревети за пациентите со Ковид – 19.

Лаура Стојанова М-Нет