
Како што минува времето изгледа убавите моменти ги носи со себе. Таква е и моменталната сосотојба со локалитетот „Бавчалук“ во Општина Кочани, кој пред неколку години преставуваше вистинска атракција, а денеска запуштена природна убавина. На тој простор се одвиваше турнир во мал фудбал, беше место за долги прошетки и игра и забава за најмладите. За гледката која не удостои сувишни се сите зборови. „Убавина“ од отпадок, празен простор и тажен приказ за местото кадешто некогаш народски кажано „не можеше да се разминеш“. Реквизитите не беа на своите места, а оградата искршена. Одговорност побаравме и од надлежните. Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, ни кажа локалитетот е во план да биде реконструиран, но неодговорноста на граѓаните е незаменлива. „Не можеме да изградиме толку, колку што граѓаните можат да уништат“ – вели тој. Пред неколку години, локалитетот „Бавчалук“ во Кочани беше збогатен и со спортски реквизити поддржан од страна на „Агенцијата за млади и спорт“, а во иднина се очекува и реконструкција на истиот.
Лаура Стојанова М-Нет