Креирањето на буџетот за 2021 година во Македонска Каменица се крои преку интернет

Првиот човек на локалната самоупрва во Македонска Каменица градоначалничката Соња Стаменкова започна да одржува средби со граѓани околу креирањето на буџетската политика на општина Македонска Каменица за идната 2021 година.

Како и секоја година и оваа година започнавме средби со граѓани за креирање на граѓанскиот буџет меѓутоа оваа година поради специфичноста на ситуацијата средбите се одржуваат онлајн а оние со месните заедници ќе се одржат со минимален број  на присутни.

Како учесници на овој виртуелен состанок беа вклучени представници од невладиниот сектор кои се неизоставен дел од Каменичкото општество. Поразговаравме со претседателката на Центарот за Подршка на лица со интелектуална попреченост Порака беше дел од оваа средба.

Ние како центар за подршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ учествуваше на синоќешната онлајн средба каде дискутиравме за проеклтите кои што некои и не беа реализирани поради корона вирусот.

Со свои предлози, барања и идеи каменичките граѓански организации зедоа свое учество во креирање на Буџетот уште во самата почетна фаза без кој општината не би можела да фукционира и представува основа за успешна работа на општинската администрација во следнава календарска 2021 година.