
Амбициозниот второлигаш Воска Спорт и официјално се раздели со тројца фудбалери, кои настапуваа во есенската полусезона.
Од Охрид си заминуваат голманот Иван Николовски, кој се враќа во Силекс по шестмесечната позајмица, централниот дефанзивец Ирфан Максути и играчот за врска, Рихан Зеќири.
Воска веќе претстави три засилувања за пролетниот дел, во кој ќе се бори за директен влез во Прва лига. Досега пристигнаа голамнот Хадис Велии, играчот за врска Ермедин Адем и напаѓачот Фитон Адеми.
„Клубот им се заблагодарува на сите тројца за придонесот со „бело-синиот“ дрес и им посакува многу успеси во понатамошната кариера“, велат од охридскиот второлигаш
Во следните денови се очекува претставување на нови засилувања во таборот на ВОска СПорт, со што тимот ќе биде повеќе конкурентен во борбата за историски влез во Првата македонска фудбалска лига.